More

    Смрт во лулка: чекор кон одговорот зошто бебињата понекогаш умираат ненадејно во сон

    spot_img

    Австралиските научници велат дека откриле потенцијален биомаркер во крвта кој би можел да помогне во идентификацијата на новороденчињата изложени на ризик за синдром на ненадејна доенечка смрт (SIDS), чекор напред во истражувањето на феноменот, но велат дека тоа е само едно парче од сложувалката.

    Студијата покажа дека бебињата кои умреле од таканаречената „смрт од лулка“ кратко време по раѓањето имаат пониски нивоа на ензимот познат како бутирилхолинестераза (BChE), открија австралиските истражувачи.

    Тие објаснија дека BChE игра главна улога во еден вид „алармирање“ на мозокот, а ниските нивоа би можеле да бидат одговорни за намалената способност на новороденчето заспано да се разбуди или да реагира на стимули од околината.

    Експертите досега шпекулираа дека SIDS е поврзан со проблеми во делот од мозокот на детето кој го контролира дишењето и будењето, а BChE е ензим во холинергичниот систем, дел од автономниот систем кој ги контролира функциите како што се крвниот притисок и дишењето.

    Резултатите од студијата, објавени во The Lancet’s eBio Medicine, нудат надеж за иднината, но и одговори на минатите непознати, рече водачот на студијата, д-р Кармел Харингтон од Детската болница во Вестмид, Австралија.

    „Навидум здраво бебе кое родителите го заспиваат во некои случаи доживува таканаречена „смрт во лулка“ на која никој не може да влијае. Досега немаше апсолутно никакви индикации за тоа кое дете е склоно кон тоа“, рече Харингтон, додавајќи дека таа и колегите го откриле првиот биохемиски маркер што може да укаже на подложност на новороденче на СИДС“.

    Користејќи исушени примероци од крв земени при раѓање како дел од програмата за скрининг на новороденчиња, тимот на д-р Харингтон ги спореди нивоата на ензимот BChE од 26 бебиња кои подоцна починале од СИДС, потоа од 41 бебе кое починало од други причини и од 655 преживеани доенчиња.

    Фактот дека нивоата на ензимот биле значително пониски кај доенчињата кои подоцна починале од СИДС, сугерира дека овие бебиња можеби страдале од вродена чувствителност на дисфункција на автономниот нервен систем, кој ги контролира несвесните функции во телото, објаснуваат истражувачите.

    „Смрт во лулка“ е необјаснива смрт на навидум здраво дете што се случува додека спие.

    Др. Харингтон го загуби сопственото дете кое почина од СИДС пред 29 години и ја посвети својата кариера на истражување на состојбата, се вели во соопштението.

    Авторите на студијата велат дека треба да се спроведат дополнителни истражувања што е можно поскоро за да се утврди дали рутинското мерење на ензимите BChE кај новороденчињата може да открие и спречи идни случаи на СИДС.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img