Товарниот брод Урса мајор пловел од Санкт Петербург кон Владивосток кога потонал во Средоземното Море поради експлозија во машинскиот простор. Досега 14 морнари се спасени и пренесени во Шпанија, додека двајца се водат како исчезнати.
124-метарскиот Урса мајор е во сопственост на Оборонлогистика, компанија на руското Министерство за одбрана која исто така носи цивилен товар, во овој случај опрема за бродови и пристаништа.
Министерството за надворешни работи соопшти дека 14 спасени морнари моментално се во Картагена, Шпанија, додека двајца се водат како исчезнати, пренесува француската новинска агенција АФП.
Во соопштението за медиумите на мрежата Телеграм потврдија дека бродската несреќа се случила по експлозија во моторниот простор на бродот. Според шпанските медиуми, несреќата се случила во меѓународните води меѓу Шпанија и Алжир, јави руската новинска агенција Тасс.