Полска воведе задолжителна обука за безбедност во училиштата, која вклучува ракување со оружје и обука за прва помош.
Како што објави „Еуроњуз“, со оглед на близината на војната во Украина и зголемените стравувања од заканите на Москва за полската територија, владата во Варшава одлучи да воведе такви мерки во погорните одделенија од основните и средните училишта.
Така, сега 14-годишните деца ќе научат како да пукаат за да се справат со воени ситуации и да можат да пружат помош.
На часовите учениците ќе научат и како да склопуваат и расклопуваат оружје, како и како да ја подобрат прецизноста во гаѓањето во цел.
За безбедност на учениците за време на оваа настава нема да се користи боева муниција, туку ласерски пиштоли.