Леталото пред Нова Година ќе го направи својот „Икаров лет“

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Вселенско летало на НАСА се обидува да му се доближи на Сонцето и да сруши историски рекорд на само неколку дена пред Нова година. Сондата Паркер на 27 декември ќе биде во надворешната атмосфера на Сонцето и за да остане цела ќе мора да издржи температури од 1.400 Целзиусови степени и радијација што би можела да ја загрози електрониката, пишува Би-Би-Си.

Сондата има заштитен слој од композитен јаглерод дебел 11,5 см, но и покрај тоа, вселенското летало ќе проба брзо да влезе и да излез од ризичната зона. Всушност, леталото ќе се движи побрзо од кој било објект направен од човек, со брзина од 430.000 милји на час, што е еквиваленто на летање од Лондон до Њујорк за помалку од 30 секунди.

Научниците веќе неколку дена немаат комуникацијата со „Паркер“. Ако сондата не се стопи и успее во мисијата, тоа може да ни помогне да разбереме како функционира Сонцето.

Д-р Никола Фокс, шефот за наука во НАСА, изјави за Би-Би-Си:
– Со векови, луѓето го проучувале Сонцето, но не сте ја доживеале атмосферата на едно место додека не го посетите. Па така, не можеме навистина да ја доживееме атмосферата на нашата ѕвезда освен ако не прелетаме низ неа.

Содната беше лансирана во 2018 година, упатувајќи се кон центарот на нашиот Сончев систем. Веќе помина покрај Сонцето 21 пати, доаѓајќи сè поблиску, но посетата за 27 декември ќе сруши рекорд.

Во моментот сондата е на 3,8 милиони милји од површината на нашата ѕвезда. Ова можеби не звучи толку блиску, но Фокс открива:

– Ние сме оддалечени 93 милиони милји од Сонцето, па ако ги ставам Сонцето и Земјата на еден метар еден од друг, соларната сонда Паркер ќе биде на четири сантиметри од Сонцето – па тоа е блиску.

Share This Article