Актерката Блејк Лајвли го тужеше актерот и режисер Џастин Балдони за сексуално вознемирување, а сега протече список со нејзините 30 барања на сетот на „Ова завршува со нас“ (It Ends With Us), од кои многу се однесуваат токму на него.
Актерката Блејк Лајвли го тужеше колегата Џастин Балдони за сексуално вознемирување, а сега се појави список со нејзините барања на сетот на „It Ends With Us“.
Како што пренесува „Вог“, станува збор за дури 30 ставки кои актерката ги поставила, пред сè, на Балдони, но и на останатите мажи кои работеле на филмот „I Ends With Us“.
Продукцијата на „I Ends With Us“ била одложена до 2023 година поради штрајкот на писателите. Еден ден пред да продолжи снимањето, се одржал состанок за надминување на непријателската работна средина. На состанокот на 4 јануари, актерката раскажала дека има големи проблеми со Балдони и Џејми Хит, извршниот директор на студиото „ВејФарер“ и продуцентот на филмот.
Затоа таа ги изнела своите услови и сите присутни наводно се согласиле со нејзините 30 барања. Повеќето биле поврзани со сексуални прашања.
Првото барање било забрана за прикажување голи видеа или фотографии на жени, вклучувајќи ја и сопругата на продуцентот.
Второто барање било да се престане да се разговара за претходната „зависност од порнографија“ на Балдони и Хит и „недостатокот на консумирање порнографија“ на актерката.
Лајвли, исто така, побарала да не се зборува за нивниот сексуален живот, гениталиите или ситуации во кои не била дадена физичка согласност во текот на сексуалните односи.
Како што е наведено во тужбата против Балдони, Лајвли забранила секакво спомнување на претходни жалби против студиото „ВејФарер“, чиј коосновач е Балдони. Забранила да ја прашуваат колку тежи – истото ембарго го ставила и на прашањата до нејзиниот тренер.
Наводно, таа му забранила на секој, особено на Балдони, да ја испрашува за нејзиниот покоен татко и религијата, како и да и ги наметнува своите религиозни убедувања.
Таа, исто така, побарала веднаш да биде известена ако таа и нејзиното бебе бидат повторно изложени на ковид-19.
Таа инсистирала да се постават јасни граници за снимањето на секс-сцените, со задолжително присуство на координатор за интимност во секоја сцена со Балдони. Таа барала забрана за импровизирано бакнување, грицкање или цицање на усните без нејзина согласност.
Едно од барањата било сите учесници во интимните сцени да бидат професионалци, коишто таа ги одобрила и никако да не бидат пријатели на продуцентот или на режисерот.
Забранила и снимање на голи сцени без договор.
А изјавата дека Балдони и Хит влегувале во нејзината кабина додека таа се пресоблекувала и го доела бебето ги шокирала сите.
Заради безбедност на актерската екипа, се барало искусен продуцент да го надгледува сетот. Сите интимни моменти морале да бидат под надзор на претставниците на актерката.
Како што е наведено, таа инсистирала на состанок пред да продолжи продукцијата за да се разгледаат овие барања и за да добие гаранции дека ќе бидат исполнети „поради физичка и емоционална безбедност за самата неа, нејзиниот персонал и за другите луѓе на сетот“.
За тензиите и несогласувањата меѓу главните актери кои го засенија филмот „Ова завршува со нас“ се зборуваше и претходно, а неодамна се огласија и членовите на филмската екипа кои сакаа да останат анонимни.
Така, драмата околу филмот „Ова завршува со нас“ сè уште трае.