Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот.
Забрани за тешки товарни возила се воведени на патните правци Дебар – Маврово, Кичево – Гостивар на превојот Стража и Тетово – Попова Шапка каде за останатите возила е задолжителна зимската опрема.
Од 07:30 часот поради врнежи од снег се воведува забрана тешки товарни возила и преку планинскиот превој Барабарос.
Забрана за движење на камиони од 07:30 часот е воведена на регионалниот пат Р1303, Прилеп – Македонски Брод.
Од 07:30 часот е воведена забрана за движење на тешки товарни возила во двата правци на патниот правец Охрид-Кичево, кај Пресека.
Јавното претпријатие „Македонија пат“ информира дека на патниот правец Страцин-Куманово има магла поради што видливоста е намалена од 100 до 150 метри.
Од Авто мото сојузот на Македонија ги потсетуваат возачите дека од 15 ноември на сила е законската обврска за носење на зимска опрема во возилата без оглед на моменталната временска состојба.