Трамп не се откажува од намерата за напуштање на Светската здравствена организација

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Членови на тимот за претседателска транзиција на Доналд Трамп подготвуваат терен за повлекување на Соединетите Американски Држави од Светската здравствена организација (СЗО) на првиот ден од неговиот втор мандат, изјави експерт за здравствено право.

– Имам сигурни информации дека планира повлекување, најверојатно на првиот ден или многу рано во мандатот – изјави за Ројтерс Лоренс Гостин, професор по глобално здравје на Универзитетот Џорџтаун во Вашингтон и директор на Центарот за национално и глобално здравствено право кој соработува со СЗО, пренесуваат американските медиуми.

Овој план, кој е во согласност со критиките на Трамп кон здравствената агенција на Обединетите нации, би претставувал драматичен пресврт во американската здравствена политика на глобално ниво и дополнително би го изолирал Вашингтон од меѓународните напори за справување со пандемии.

Трамп номинираше критичари на СЗО за неколку клучни позиции во јавното здравство, вклучувајќи го и Роберт Ф. Кенеди Помладиот, противник на вакцинацијата, кој е предложен за секретар за здравство и социјална заштита. Оваа функција вклучува надзор врз сите главни здравствени агенции во САД.

Во 2020 година, Трамп го започна процесот на повлекување на САД од СЗО, но шест месеци подоцна, неговиот наследник Џо Бајден ја преиначи одлуката.

Share This Article