Зад атентатот врз лидерот на Хамас стои Тел Авив

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац за прв пат потврди дека Израел стои зад атентатот на лидерот на Хамас Исмаил Ханија во Техеран летово, пишува „Тајмс оф Израел“.

На комеморацијата за локалните безбедносни службеници, Кац им се закани на Хутите во Јемен, откако бунтовничката група поддржана од Иран продолжи да врши напади врз Израел.

Кац истакна дека Израел ги поразил Хамас, Хезболах и, како што вели, ги заслепил одбранбените системи во Иран, го соборил режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад и и нанел тешки удари на „оската на злото“ и жестоко ќе ja нападне „терористичката организација на Хутите“ во Јемен, последната преостаната.

– Ќе ја нападнеме стратешката инфраструктура (на Хутите) и ќе ги обезглавиме нивните лидери. Она што им го направивме на Ханија, Синвар и Насрала, во Техеран, Газа и Либан, ќе го направиме и во Ходеида и Сана – рече Кац, мислејќи на убиените лидери на Хамас и Хезболах.

Ханија беше убиена на крајот на јули во Техеран, а Иран го обвини Израел за неговата смрт.

Share This Article