Специјалното обвинителство на Косово поднесе обвинителен акт против В.Н. поради сомневање дека во текот на 1998-1999 год извршил воено злосторство над цивили во општина Сува Река.
Според обвинението, тој и други припадници на српската полиција и војска учествувале во убиството на М.А. и Ш.А. додека во таа прилика бил повреден Ш.С.
Обвинителството побара судскиот процес против обвинетите да се одржи во отсуство бидејќи В.Н. не е достапен за судството на Косово.
Во соопштението се додава дека се исполнети законските услови од Кривичниот законик обвинителниот акт да биде поднесен во отсуство.