Пејачката и актерка Џенифер Лопез за британскиот „Вог“ раскажа како ги надминала тешкотиите по разводот со Бен Афлек

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Пејачката и актерка Џенифер Лопез за британскиот „Вог“ раскажа како ги надминала тешкотиите по разводот со Бен Афлек.

Актерката зборуваше за магазинот по повод претставувањето на нејзиниот нов филм „Unstoppable“, кој го продуцираше нејзиниот поранешен сопруг Бен Афлек.

„Размислувам така дека некои работи не ми се случуваат мене, туку се случуваат за мене и се обидувам да сфатам која е лекцијата што треба да се научи во овој момент“, рекла Џеј Ло, па додала: „Кога така размислувам за работите и останувам во еден вид попозитивен начин на размислување за тоа, полесно е тоа да се прифати како лекција каква што е“.

Таа истакнала дека секогаш размислува за тоа што треба да научи од животните ситуации кои ѝ се случуваат и напоменала дека не верува во случајности.

„Ништо не се случува случајно. Сè се случува со причина“, додала Џеј Ло.

„Секогаш се прашувам што можам да научам и како да излезам на другата страна подобра, посилна, пообразована и некако да пораснам од таа точка“, заклучила таа на крајот.

Да потсетиме, Лопез и Афлек се венчаа по повеќе од 20 години откако се запознаа на снимањето на комедијата „Gigli“. Двојката првпат се сврши во ноември 2002 година. Неколку дена пред да се венчаат во септември 2003 година, тие ја откажаа венчавката наведувајќи го „прекумерното медиумско внимание“. Во јануари 2004 година тие официјално раскинаа, но 16 години подоцна ѝ дадоа уште една шанса на својата љубов, која не траеше долго.

Неодамна Бен ја коментираше улогата на сега веќе поранешната сопруга во претстојниот филм „Unstoppable“, велејќи дека е „спектакуларна“. Кога новинарите ја прашаа Џеј Ло што мисли за неговите зборови, кратко одговори: „Му благодарам“.

Share This Article