Украинските војници кои го бранат градот Харков стигнаа до државната граница со Русија, изјави во понеделникот гувернерот на провинцијата.
Гувернерот Олех Синегубов го изјави своето тврдење на комуникациската платформа Телеграм.
Тврдењето сè уште не може да се потврди и не е јасно колку војници стигнале до руската граница или каде точно.
Украинското Министерство за одбрана објави видео на кое, наводно, се гледаат голем број војници од територијалната одбрана на неодредена локација на границата.
„Тука сме, тука сме“, рече еден од војниците.
Си-Ен-Ен пишува дека и мала група војници прикажани на видеото рекле: Претседателе, успеавме!
Украинската војска во понеделникот објави дека „непријателот ги насочува своите главни напори за да го спречи напредувањето на нашите војници“ во правец на границата.
Доколку оваа информација биде потврдена, тоа би значело дека украинската контраофанзива е се поуспешна во туркањето на руските сили на североисток, откако западните воени агенции соопштија дека офанзивата на Москва во регионот на Донбас е запрена.