Омерагиќ засега не планира смена во македонскиот тим

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Македонската фудбалска репрезентација со актуелниот селектор Благоја Милевски ќе ги почне мартовските квалификации за пласман на Светското првенство 2026.

Ова доаѓа откако новоизбраниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) Масар Омерагиќ изјави денеска дека Милевски, засега, останува на селекторската должност.

– Во овој момент не размислуваме за промена на селекторската позиција. Реалноста е дека, и покрај кризата во играта, ние завршивме како први во групата, што е значаен успех. Нема да преземам никакви нефудбалски потези кои можат да ја нарушат стабилноста на тимот – изјави Омерагиќ.

Тој најави дека иднината на Милевски ќе зависи од постигнатите резултати.

- Advertisement -
Ad image

– Нашата репрезентација има важни квалификации во март, и сè ќе зависи од резултатите и квалитетот на играта понатаму. За сите во фудбалот, па и за мене истото ќе важи и за селекторите – а тоа се резултатите. Во моментов Милевски е селектор на А-репрезентацијата и не планирам во тој поглед никакви промени. Нормално дека во иднина сè ќе зависи од резултатите и игрите кои ќе ги прикажат репрезентативците – рече Омерагиќ.

Share This Article