Мажот кој со автомобил влеата и возеше 400 метри во толпата на божикниот пазар во Магдебург во Германија и повреди најмалку 68 лица е лекар од Саудиска Арабија.
– Го уапсивме сторителот, тој е маж од Саудиска Арабија, лекар кој е во Германија од 2006 година. Од она што го знаеме во моментов, напаѓачот дејствувал сам, така што не мислиме дека постои дополнителна опасност за градот – изјави за новинарите на местото на настанот Рајнер Хаселоф, премиерот на Саксонија-Анхалт.
Саудиецот претходно не беше наведен како исламист или опасна личност. Сепак, германските власти го сметаат нападот за тероризам.
„Билд“ наведува дека мажот работи во клиника во Магдебург.
Објавена е и снимка од апсењето на напаѓачот.На видеото се гледа како тој со кренати раце излегува од возилото, џип БМВ. Полицаец со вперено оружје му наредува да легне на земја, што и го прави.
Меѓу двете потврдени жртви е и мало дете.
Footage reveals the arrest of a 50-year-old Saudi Arabian suspect in the Magdeburg attack, where a BMW ploughed into a Christmas market crowd, killing at least 11 and injuring up to 80.
An explosive device was reportedly found in the car.#Magdeburg #Germany https://t.co/ZhD1GfK3Fn pic.twitter.com/S1WhrQeimG
— British Pakistani Index (@PakistaniIndex) December 20, 2024
Познатиот милијадер Илон Маск го коментираше нападот на социјалните мрежи и го нарече германскиот канцелар Олаф Шолц „неспособна будала“ и побара оставка од него. Претходно, Маск ѝ даде поддршка на крајната десница во земјата, партијата Алтернатива за Германија (АфД).