More

    Љутков вели дека се прават напори да не се дозволи одземање на титулата Европска престолнина на културата

    spot_img

    Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска истакна дека Скопје, како Европска престолнина на културата за 2028 година, треба да ја искористи оваа престижна титула за да го врати сјајот и идентитетот на градот.

    Тој на брифингот со новинарите потврди дека веќе стигнуваат бројни интересни иницијативи за програмите поврзани со оваа титула, но предупреди дека година и пол без помош од Градот Скопје значително го одложила напредокот на подготовките.

    Министерот сподели дека се наоѓа во постојана комуникација со амбасадорите и Европските комисии и активно бара поддршка од нив за успешното спроведување на културните и туристичките иницијативи. Тој нагласи дека треба да се одржи стабилна комуникација со Град Скопје за да не се доведе во прашање титулата.

    – Се појавуваат некакви стравови дека можеби ќе ја загубиме титулата, што би било катастрофално, бидејќи никогаш во историјата на Европа не се случило да се одземе оваа титула од некој град – изјави Љутков.

    Тој истакна дека важно е заедно со титулата да се обнови идентитетот на Скопје и да се креираат културни и туристички политики кои ќе донесат долгорочен бенефит за градот.

    Најавени се бројни програми, а Љутков додаде дека веќе има иницијативи кои ќе ја поддржат титулата Европска престолнина на културата за 2028 година, кои ќе бидат внимателно разгледани и претставени на јавноста.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img