Кина го гради најголемиот светски аеродром. Toj ќе биде сместен на вештачки остров на северистокот на земја. Се гради Далијан Џинжу беј интернешнал, комплекс со терминал за патници со површина од 900 метри квадратни, кадешто ќе има четири писти и 54.000 летови годишно.
Првата фаза од отворањето се очекува да биде во 2035 година. Роковите се прецизни, се бара висок квалитет, а има и геолошки предизвици при работата.
Градот Далијан уште во 2003 година ги започнал подготовките за нов проект, бирајќи локација и правејќи студија за аеродромот. Постојниот меѓународен аеродром, кој работи веќе цел век, го достигнал својот максимален капацитет, а во последните години неколкупати е прошируван.
Далијан е важна врска поради близината на Јапонија и Јужна Кореја. Градот брои 7,5 милиони жители.
Кинеските власти најавија дека на земјата ќе ѝ требаат 450 аеродроми до 2035 година за да ја задоволи побарувачката. Кина е на пат да ги замени САД како најголем светски пазар за воздушен сообраќај.