Неизвесна останува иднината на српскиот напаѓач Душан Влаховиќ во Јувентус, пренесуваат италијанските медиуми.
Изминатите денови беа турбулентни за Влаховиќ и за навивачите на Јувентус. Српскиот напаѓач беше цел на навреди од трибините и дури влезе во вербална пресметка со дел од приврзаниците на „старата дама“.
Сепак, ситуацијата брзо се смири, а Влаховиќ најдобро одговори на критиките со постигнат гол против Каљари во Купот.
Италијанските медиуми јавуваат за обновен интерес од Арсенал, кој е незадоволен од формата на Габриел Жесус и Каи Хаверц, кои не успеваат да постигнуваат голови континуирано. Засега, Влаховиќ останува дел од „бјанконерите“.
Јувентус е подготвен да му понуди нов долгорочен договор, но со услов платата да му биде намалена и постепено да се редуцира со текот на соработката. Влаховиќ не го прифаќа овој предлог и би можел да замине како слободен играч во летото 2026 година, пишува „Ла Република“.
Ако не потпише нов договор, Јувентус веројатно ќе се обиде да заработи од неговата продажба. Ова лето би можело да биде клучно за неговата иднина, бидејќи клубот би барал околу 40.000.000 евра за неговиот трансфер.