Каратистот на „Макпетрол” и на репрезентацијата на Македонија, Стефан Стојановиќ, годинава имаше извонредни постигнувања, крунисани со бронзениот медал на Светското првенство за кадети, јуниори и У-21 во Венеција, Италија, во категоријата над 84 килограми во млади сениори (У-21). Со овој резултат тој на изборот за „Спортист на годината 2024″ е номиниран за „Млад спортист на годината”.
Листата на успеси на Стојановиќ е голема и тој еден од најуспешните млади спортисти во нашата земја. Во неговата кариера има три светски медали – злато и сребро од Светски лиги во Пореч и Венеција, бронзен медал од официјалното Светско првенство во Венеција. Долго време беше прв на Светската ранг-листа во У-21, цела година, по новите пресметки можеби е втор. Најуспешен млад спортист во историјата на Македонија, има два светски медали, златен европски како јуниор, бронза на ЕП во У-21, притоа трипати бил на петто место на европските првенства и еднаш на петто место на Светските игри во Ријад.
Во 2024 година тој ги оствари следните резултати: на Меѓународниот турнир Гранд при Кроација во Самобор – Хрватска, сребрен медал во +84 кг во У-21; Државно првенство за сениори во Скопје – златен медал во поединечна конкуренција и злато со кумите тимот на Макпетрол; Светска младинска лига во Пореч, Хрватска – сребрен медал над 84 кг во У-21; Европски универзитетски игри во Дебрецен-Мишколц, Унгарија, 5-то место; Куп на Македонија за кадети, јуниори и У-21 – златен медал, + 84 кг во У-21; Балканско првенство за кадети, јуниори и У-21 во Сараево, БиХ – бронзен медал, + 84 кг во У-21; Светска младинска лига во Венеција, Италија – златен медал, +84 кг во У-21.