More

    За 22 години власт ДУИ не успеа да изгради ни една канализациска мрежа во Зајас

    spot_img

    До крајот на годината, решение ќе земат 1.100 вработени по договор на дело во здравството, рече на денешната собраниска седница министерот за здравство, Арбен Таравари, одговарајќи на прашања на пратеничката од Европскиот фронт, Дијана Тоска, која праша зошто се отпуштени економски директори и не се вработуваат медицински сестри, иако има потреба во здравствените институции.

    Таравари истакна дека проблемите се наследени и дека ДУИ за 22 години власт не успеала да изгради канализациска мрежа во Зајас, а очекува за 6 месеци да се изгради Клинички центар. Тој дополни дека е надминат проблемот со позитивната листа на лекови.

    – Шестотини специјализанти ќе бидат вработени, 300 во оваа, а 300 во наредната година – рече Таравари.

    Во однос на економските директори, министерот посочи дека пратеничката не реагирала во 2017 година кога „тие биле дел од Владата и тогаш разрешувале“. Ја повика да ги праша лекарите од ДУИ што е направено во болниците во Тетово и во Гостивар. Тој најави доволно средства за 2025 година и очекува сите да бидат задоволни од резултатите во здравството.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img