More

    Димитриеска Кочоска вели дека Царината и УЈП го покажаа тоа во практика

    spot_img

    Приходната страна на буџетот се зголемува како резултат на нашата отворена борба со сива економија, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска од собраниската говорница на денешната седница наменета за пратенички прашања од опозицијата.

    -Во однос на тоа зошто се зголемени приходите во буџетот, многу јасно стои во буџетот за 2025 година дека имаме сериозен пристап во борбата со корупција и криминал, односно со сива економија. Мислам дека во изминатиот период и Царинската управа и Управата за јавни приходи го покажуваат тоа во пракса.  Нема такво нешто. Кажете ми која приходна ставка е таа каде што стои трансфери од други нивоа на власт да се внесуваат во централниот буџет. Не постои таква ставка. Не може да биде трансфер од други нивоа на власт. Не може да се случи друго ниво на власт да пушта пари во буџетот. Се знае по кои основи влегуваат парите во буџетот. Имаме по основи на даноци, по основи на придонеси и по основи на даночни приходи – рече министерката одговарајќи на прашањето на пратеникот на СДСМ, Јован Митрески кој праша кој е износот за консултантски услуги со оглед на тоа дека со одлуката за пренамена на средства се планираат плус 1 милион евра во Буџетот.

    Штом се зголемени износите, рече министерката, тоа значи дека имаме поголема реализација во однос на одредени проекти и заради тоа договорните услуги пораснале поради тоа што има поголема реализација.

    -Меѓународни финансии е секторот во Министерсвото за финансии кој ги склучува договорите со кредиторите и повлекува средства како што има одредена реализација. Штом се зголемени износите, тоа значи дека имаме поголема реализација во однос на одредени проекти и заради тоа договорните услуги  тука пораснале поради тоа што има поголема реализација. Не знам како ме прашувате за кредитите кои ги гласавте и првиот и вториот заем. Во однос на договорни услуги  да не заборавам во континуитет се обидувате да кажете како се зголемувале обврските во рамки на институциите, меѓутоа заборавате дека вие ги чувавте во фиоки, односно министрите и надлежните институции ги чуваат во фиоки. Секаде има ревизии. За кратко време ќе излеземе со образложение во однос на оваа прашање затоа што вие во Агенцијата за финансиска поддршка на инвестиции имавте еден буџет од минус, а такви имате еден куп во сите институции. Потсетете се со какви долгови си заминавме, а ние ќе се потсетиме со други документи вие со какви обврски не оставивте кога си заминавте или ни ги префрливте на нас – рече Димитриеска-Кочоска.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img