More

    Ковачевски очекува непристрасен процес, по кривичната пријава од МВР против него

    spot_img

    Поранешниот премиер, а сега пратеник во Собранието, Димитар Ковачевски денеска изјави дека во целото негово работење и како премиер и како заменик-министер за финансии, се водел согласно со законите. МВР деновице поднесе кривична пријава против осум лица, вклучително и против него, за злоупотреба на службената положба и овластување, а во врска со Државната лотарија.

    – Се надевам дека институциите целиот тој процес ќе го водат на непристрасен и на професионален начин, така како што треба. Она што можам да го кажам е дека во текот на моето работење и како претседател на Владата и како заменик-министер за финансии сум се водел секогаш од законите, секогаш сум работел согласно со нив. Ние немаме на ниту еден начин учествувано во работењето на кое било јавно претпријатие или акционерско друштво во државна сопственост – изјави денеска Ковачевски во Собранието.

    МВР вчера ги објави деталите од кривичната пријава која ја поднесе против осуммината за случајот „Лотарија“ меѓу кои е и поранешниот премиер Димитар Ковачевски и поранешниот генералниот секретар на Владата Методија Димовски.

    Од Јавното обвинителство информира дека не е отфрлена кривичната пријава што МВР ја подесе против експремиерот Ковачевски и поранешниот генерален секретар Димовски и дека се проверуваат наводите во пријавата.

    Ако ЈО покрене истрага против Ковачевски, запретената казна за делото што го сторил е од 1 до 5 години затвор.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img