More

    Обвинителството започна постапка против 24-годишен скопјанец

    spot_img

    Јавен обвинител поведе истражна постапка откатко полицијата го уапси 24-годишниот А.Д. од Скопје, кај кого беа пронајдени над 100 пакувања дрога, меѓу кои кокаин и хероин, со вкупна тежина од повеќе од 200 грама.

    На 16 декември, полициски службеници на улицата Архимедова запреле за преглед автомобил во кој се наоѓал осомничениот. При претресот, кај него биле пронајдени 161,29 грама кокаин распакуван во 100 полиетиленски пакувања и 44,01 грам хероин во 25 пакувања. Дополнително, биле запленети дигитална вага со остатоци од наркотични супстанции, пет мобилни телефони и парични средства, за кои постои сомнение дека потекнуваат од продажба на дрога.

    Од Министерството за внатрешни работи информираат дека уапсениот е осомничен за учество во мрежа за илегална трговија со наркотични дроги.

    „Ова е значаен удар врз дистрибуцијата на дрога во Скопје. Продолжуваме со активности за целосно разбивање на криминалните групи кои стојат зад оваа нелегална активност“, велат од полицијата.

    Против осомничениот е поднесена кривична пријава за нелегална трговија со наркотични дроги, а судија на претходна постапка му одреди мерка притвор. Истражните активности продолжуваат за утврдување на целосната мрежа на соработници и можните купувачи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img