Теми на Самитот ЕУ-Западен Балкан се Планот за раст, миграцијата, руското влијание и безбедноста

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Утрешниот Самит ЕУ-Западен Балкан нема да биде посветен на проширувањето на Унијата, туку на теми поврзани со Планот за раст на регионот, усогласеноста на западнобалканските партнери со заедничката надворешна и безбедносна политика, влијанието на руската инвазија врз Украина на нивните економии и на справувањето со миграцијата, па на собирот нема да стане збор прашања поврзани со преговарачкиот процес, како што се измените на Уставот на Македонија, наведуваат извори од Европскиот совет.

Ова прашање, сепак, би можело да биде покренато во рамки на расправата на Самитот посветена на помирувањето, иако таа дебата, според нив, не би требало да се поврзува со преговарачкиот процес.

Истите извори посочуваат и дека Македонија, како и останатите земји кандидати за членство, треба да работи на исполнување на критериумите утврдени со Преговарачката рамка, меѓу кои се и уставните измени.

– Се надеваме дека тие ќе бидат спроведени што е можно поскоро и преговарачкиот процес ќе продолжи успешно – додаваат тие.

Во предлог-заклучоците на Самитот ЕУ-Западен Балкан, без конкретно да се посочи земјава, се наведува дека помирувањето, инклузивната регионална соработка и добрососедските односи се сржта на Европската Унија, па затоа од суштинско значење е со добра волја и со видливи резултати да се спроведуваат меѓународните договори, вклучително и Преспанскиот договор со Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија.

– Сè уште се потребни решителни дополнителни напори за поттикнување на помирувањето и на регионалната стабилност, како и за изнаоѓање и спроведување на дефинитивни, инклузивни и обврзувачки решенија за регионалните и билатералните спорови и прашањата вкоренети во наследството на партнерите од минатото, во согласност со меѓународното право и воспоставените принципи – се вели во предлог текстот на „Бриселската декларација“.

Во вчерашното интервју со петмина новинари од медиуми од Западниот Балкан, меѓу кои и МИА, претседателот на Советот на ЕУ, Антонио Кошта порача дека мора да се работи за целосно исполнување на обврските на земјава, кои се предуслов таа формално да ги отвори пристапните преговори.

– Секако, неопходно е да се почитува она што Северна Македонија го оствари и мислам дека е многу важно да се постигне зајакнување на довербата меѓу Северна Македонија и нејзините соседи, особено Бугарија. Мора да работиме за да обезбедиме Северна Македонија целосно да ги исполни своите обврски, кои се предуслов формално да ги отвори преговорите. Имам голема почит кон напорите што Северна Македонија ги направи во минатото за надминување на пречките, особено со Грција. Тоа е земја кој дури го промени своето име за да ги надмине овие пречки – нагласи Кошта во одговор на прашање на МИА.

Share This Article