ЌЕ ОДГОВАРА ЛИ АСАД ЗА СВОИТЕ ЗЛОСТОРСТВА?

Lorita
By Lorita 6 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Со влегувањето на сириските бунтовници во главниот град Дамаск, се стави крај на годините тиранија на поранешниот владетел Башар ал-Асад, кој беше обвинет за злосторства како тортура и употреба на отровен гас против населението.

Според Сириската мрежа за човекови права (СНХР), само од почетокот на граѓанската војна во 2011 година па до денес, до смрт биле мачени повеќе од 15.000 луѓе. Невладината организација ги обвинува вооружените сили на сирискиот режим за 98% од тие жртви, а за останатите 2% – различни милиции, вклучувајќи ја и сега водечката исламистичка група Хајат Тахрир ал-Шам (ХТШ), која некои западни земји ја прогласија за терористичка организација. Се вели дека режимот на Асад е одговорен за огромното мнозинство од повеќе од 150.000 произволни апсења регистрирани од СНХР, се наведува во анализа на Дојче веле.

И додека ситуацијата во Сирија сѐ уште се смета за нејасна од западна перспектива, премиерот на привремената влада, Мохамед ал-Башир, и лидерот на ХТШ, Абу Мохамед ал-Џолани, зборуваат за ново време на мир и на стабилност.

– Сепак, за да започне Сирија ново поглавје, важно е да се разреши сегашната ситуација. Целта е можната желба за одмазда да се канализира во процес кој би бил соодветна реакција на луѓето на насилното минато – вели за Дојче веле Патрик Крокер од организацијата за човекови права „Европски центар за уставни и човекови права“.

Ќе одговара ли Башар ал-Асад лично?

Најочигледно е дека Меѓународниот кривичен суд (МКС) во Хаг ќе биде одговорен за обвиненијата против поранешниот владетел Асад. Тука се одлучува за личната одговорност на поединци, вклучително и за воени злосторства и за злосторства против човештвото.

Но, ниту Сирија ниту Русија, каде што побегна Асад, не се договорни држави на тој суд. Тоа значи дека МКС во принцип не може да ја врши својата надлежност. Сепак, професорот по кривично право и меѓународно право на Универзитетот во Келн, Клаус Крес, вели дека ситуацијата е променета, па веќе не е толку очигледно дека МКС останува без надлежност.

– Можноста да се бара одговорност, врз основа на одлуката на Советот за безбедност на ОН, најверојатно засега ќе пропадне поради руското вето – изјави Крес за Дојче веле.

Но, во исто време тој додава дека новата сириска влада има можност да го прогласи пристапувањето на Сирија кон Статутот на МКС. Според новата влада, Сирија би можела ретроактивно да се подложи на јурисдикцијата на МКС.

– Во тој случај Асад легално би бил под визир на Кривичниот суд – објаснува германскиот експерт за меѓународно кривично право.

- Advertisement -
Ad image

Политички, сепак, Крес не верува дека е можно Русија да го предаде Асад пред лицето на правдата во блиска иднина.

Истраги и судења во Сирија?

Експертот за човекови права Крокер се сомнева дека новата сириска влада ќе му пристапи на Хашкиот трибунал и затоа смета дека прашањата за правдата ќе треба да се решаваат во самата земја.

Според германската новинска агенција ДПА, лидерот на ХТШ, Ал Џолани, веќе најавил дека ќе состави список на поранешни офицери кои биле вклучени во тортура и ќе ги повика на одговорност – вклучително и на оние кои побегнале во странство.

- Advertisement -
Ad image

– За истрагите во самата Сирија, би било препорачливо да се вклучат дефинициите за злосторства против човештвото и воени злосторства во сириското кривично право – истакнува професорот по меѓународно право, Крес.

Тој, исто така, потсетува дека такви одредби честопати не се среќаваат во националните закони. Професорот нагласува и дека мора да се испита дали сегашните сириски правосудни структури се воопшто способни за такви истраги.

Адвокатот за човекови права, Крокер, верува дека најверојатниот модел за правно процесуирање на случаите е оној што ќе има и сириски и меѓународни компоненти. Сепак, се поставува прашањето дали во Сирија има доволно специјализиран персонал, како што се судии коишто се независни.

Но, потребни се и други експерти.

– Најважно е со овој неверојатно голем број докази да се постапува професионално – додава Крокер.

Доказите мора да се обезбедат

На пример, масовните гробници не треба да се отвораат непрофесионално. Исто така, не треба да се уништуваат местата на злосторството, како што е затворот „Седнаја“, или доказите, како што се документите на тајната служба. Сето тоа би требало да го обезбедат експерти.

На ниво на ОН веќе постојат иницијативи за обезбедување докази. Меѓународниот, непристрасен и независен механизам“ (IIIM) собира информации и докази за можни злосторства во Сирија од 2011 година и ги става на располагање на судовите.

Постапки во други земји

За злосторствата во Сирија имаше судски постапки и во трети земји, на пример, во Германија и во Франција. Во Кобленц во 2022 година, поранешен сириски разузнавачки полковник беше осуден на доживотен затвор за злосторства против човештвото. Во САД, поранешниот управник на сириски затвор неодамна беше обвинет за тортура.

– Досега, овој вид процеси беше „најдоброто можно средство за (правна) обработка – вели Крокер.

Но, сега ситуацијата е поинаква бидејќи е можен пристап до докази и до потенцијални сторители. Крокер заклучува дека со меѓународниот притисок новата сириска влада треба да се убеди да дозволи меѓународни експерти да влезат во земјата за да обезбедат поддршка.

Share This Article