И Али Ахмети е на Косово,дали имал средба со Груби?!

Saso
By Saso 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Лидерот на ДУИ Али Ахмети е во Косово. Во објава на социјалните мрежи поставена е слика од Ахмети и генералниот секретар на ДУИ Фатон Ахмети во угостителски објект во Приштина.

„Утринско кафе во Приштина, со лидерот на народот, татковината и албанската нација, мојот пријател Али Ахмети и генералниот секретар на ДУИ, Фатон Ахмети“, стои во објавата на фејсбук.

Неговиот престој во Приштина е во исто време со Артан груби, кој пред два дена отиде на Косово, а е во очекување на одлуката на Кривичен суд за притворот кој за него го бара Обвинителството за инволвираноста во случајот „Лотарија“ во кој е второосомничен. Првиосомничениот, поранешниот директор на Лотарија на Македонија, Прперим Бајрами исто така не е во земјава. Според информациите кои ги објавија дел од надлежните, тој пред извесно време заминал од Македонија, веројатно исто така на Косово.

Share This Article