Артан Груби ќе се врател во Македонија ,само доколку му бил укинат притворот и заменет со поблага мерка!!!

Saso
By Saso 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Поранешниот вицепремиер Артан Груби осомничен во предметот „Државна лотарија“ е подготвен да се врати во Македонија од Косово само доколку мерката притвор му биде заменета со поблага мерка како што е одземање на патната исправа.

Ова, неговиот адвокат Владимир Доневски, вчера во Кривичниот суд му го предочил на судијата на претходна постапка, објави порталот Република.

Одлуката на судијата за Груби се очекува денеска. Инаку Доневски е познат во јавноста како поранешен застапник на поранешниот владин генсек Драги Рашковски.

Инаку, на четворица од осомничените во случајот „Лотарија“ им се одземени пасошите.

„Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за определување мерки за претпазливост против четири лица кои се опфатени со истрагата поврзана со ‘Државна лотарија на РСМ’, за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл. 353 од КЗ, а кои во текот на ноќта беа сослушани во судот, донесе решенија со кои го прифати предлогот на ЈО и на сите 4 лица им определи мерки согласно чл. 146 ст.1 т. 2 и т.3 односно Одземање на патна исправа и Обврска за повремено јавување на службено лице во судот“, информираат од Кривичниот суд.

Оттаму додаваат дека во текот на денот ќе се одлчучи и по барањето на Обвинителството да им се одреди мерка притвор на првите двајца осомничени, односно Груби и Бајрами.

„Воедно, до судија на претходна постапка доставен е и предлог за определување мерка притвор против две лица опфатени со истата истрага, која мерка започнува да се спроведува од нивно пронаоѓање, за кој предлог судот е во фаза на постапување, а за што во текот на денот јавноста ќе биде дополнително известена. Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет“, велат од Судот.

Share This Article