Се манипулира со темата околу укинувањето на балансерот, кој беше злоупотребе од претходната власт. Се наметнува дека оваа алатка е проблем за ВМРО-ДПМНЕ, а вистината е дека Европската Унија бараше да се укине, рече премиерот Христијан Мицкоски во гостување на ТВ 21.
– Проблемот е во скрининг извештајот на ЕУ. Унијата констатира дека балансерот е злоупотребен, дека му поминала таканаречената употребна вредност и дека треба да се замени со нешто коешто ќе има. Ние не стоиме и не чекаме, туку работат групи да направат закон за правична застапеност кој што ќе биде уставен и за бргу ќе се најде пред пратениците во Парламентот. Немојте да мислите дека ние сакаме да бидеме влада којашто ќе јава на полето на фрустрацијата што ќе се креира кај граѓаните – рече Мицкоски.
Тој додаде дека оваа Влада со рамноправната распределба на 250 милиони евра на општините, без истите да се двојат врз основа на етничка или политичка припадност како што правела минатата власт, на најдиректен начин покажа дека нејзин приоритет се сите граѓани.