Началникот на руските трупи за радијациска, хемиска и биолошка заштита, генерал-потполковник Игор Кирилов е меѓу загинатите во експлозијата што се случи рано денеска во Москва

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Началникот на руските трупи за радијациска, хемиска и биолошка заштита, генерал-потполковник Игор Кирилов е меѓу загинатите во експлозијата што се случи рано денеска во Москва. Покрај него животот го загуби и неговиот помошник. Причина за експлозијата е активирање на експлозивна направа поставена во електричен скутер, соопшти Истражниот комитет на Русија.

„Според истрагата, утринава на Рјазански проспект во Москва, активирана е експлозивна направа поставена во електричен скутер оставен на влезот во станбена зграда. Во експлозијата загина началникот на трупите за радијација, хемиска и биолошка заштита на руските оружени сили Игор Кирилов и негов помошник“, изјави портпаролот на Истражниот комитет.

За случајот е поведена кривична постапка.

Share This Article