Новиот пакет воена помош за Украина му додава бензин на огнот

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, денеска на социјалната мрежа Фејсбук напиша дека „ниту божикните празници, кои се ближат, не можат да го ублажат воинственото расположение во Брисел“, пренесоа унгарските медиуми.

Петер Сијарто го објави коментарот пред последниот годишен состанок на неговите колеги од Европската Унија во Брисел, додавајќи дека предлозите на агендата на состанокот одразуваат дека „мнозинството сè уште не ја гледа новата реалност“.

– Иако на маса беше ставена можноста за примирје и за размена на воени заробеници, тие сепак сакаат да доделат над 6 милијарди евра за оружје за Украина. Тие ја притискаат Украина да испрати 18-годишни момчиња на фронтот и санкционираат грузиски политичари зашто грузиските гласачи се осмелија да изберат влада за суверенитет – рече Сијарто.

Министерот рече дека очекува „голема борба“ за време на состанокот, но додаде дека „унгарската влада стои на своите позиции за мир и дека на Украина ѝ треба прекин на огнот, а не дополнително вооружување“.

Share This Article