Мицкоски за изборот на Данка Ристова за член на Судскиот совет

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Изборот на член во Судскиот совет го прават судиите на непосредни избори со гласање, вели премиерот Христијан Мицкоски, отфрлајќи ги како неточни „констатациите за партизација“, по последниот избор на судијката Данка Ристова од Апелацискиот суд Штип за член на Судскиот совет.

Прашан дали новоизбраниот член на Судскиот совет е сопруга на градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски рече, да, но дека таков член со тоа име и презиме во базата на ВМРО-ДПМНЕ не постои.

– Да, таа е сопруга на градоначалникот Ацо Ристов, еден исклучително успешен градоначалник во општина Радовиш. Но, ги отфрлам констатациите во првиот дел од вашето прашање дека продолжуваме со партизација. Најостро се спротивставувам со тоа и таков член со тоа име и презиме во базата на ВМРО-ДПМНЕ не постои – изјави Мицкоски.

Претходно ги отфрли како неточни констатациите од прашањето „зошто се продолжува со партизација на Судскиот совет и Советот на Јавни обвинители, со оглед на последниот избор на сопруга на градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за член на Судскиот совет, а во Советот на ЈО близок до вицепремиерот од Вреди“.

– Не знам конкретно за кои случаи реферирате дека се партиски случаи. Мислам во прашањето има констатација што дозволете да кажам дека не е точна, бидејќи изборот на член во Судскиот совет го прават судиите на непосредни избори со гласање. Сега, ако вие мислите дека овие судии изминативе седум години, кои што беа избрани на тоа апелационо подрачје и да речеме претходно ние можеме да ги управуваме, тогаш навистина не гледам разлика помеѓу тврдењата на ДУИ и ваков тип на прашања, бидејќи ДУИ тврди дека ние ги контролираме судиите во Уставен суд кои тие ги избраа, сега вие во вашето прашање тврдите дека ние ги контролираме судиите кои што на непосредни избори го избраа новиот член во Судскиот совет. Тука можам само да кажам дека не е точна оваа ваша констатација во вашето прашање – појасни Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференцијата по редовниот состанок со Советот за странски инвестиции.

На 11 декември судијката Данка Ристова од Апелацискиот суд Штип беше избрана за нов член на Судскиот совет, од апелационото подрачје Штип.

Претседателот на Комисијата за спроведување на избор на членови на Судскиот совет од редот на судиите, Субхи Јакупи информираше дека во судскиот именик на ниво од апелационото подрачје Штип, како изборна единица биле запишани 40 гласачи судии, од кои гласале 39.

Судиите од апелационото подрачје Штип на непосредни избори гласаа за петмина кандидати. Судијката Мери Гичева од Основниот суд Штип добила еден глас, претседателите на Основен суд Штип и Апелацискиот суд Штип, Ацо Тасев и Тони Делев добиле по три гласа, судијката на Основен суд Штип Невена Перица пет гласа, додека судијката Данка Ристова од Апелацискиот суд Штип 27 гласа.

Share This Article