Син на бивш функционер на ДУИ во МВР кодошел од Турција

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Синот на поранешен висок функционер на ДУИ во МВР и во други институции, од Турција на криминалните банди им ја дојавил акцијата што МВР планирало да ја почне во вторник.

Поради тоа, полициската акција против мафијашките кланови почна во неделата во доцните попладневни часови.

Иако започната пред планираното време, акцијата е успешна. Се апселе членови на кланови во Дуќанџик и во Арачиново.

Плусинфо дознава дека во моментов 7 лица се зад решетки. Пронајдени се извесни количества кеш и оружје, но се трага по арсенал скриено оружје.

Со акцијата се расветлуваат неколку познати убиства меѓу клановите. За 4 убиства веќе се добиени клучните информации.

Акцијата на МВР за разбивање на мафијашките кланови предизвикала паника во редовите на ДУИ.

Плусинфо неофицијално дознава дека во штабот на оваа партија се повикуваат вработени во МВР и од нив се бара да ја бојкотираат акцијата.

Share This Article