Димитриеска-Кочоска најави дополнителни мерки за младите

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ зборува“ оваа недела гостуваше министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска која зборуваше на актуелните теми поврзани со платите, буџетот, економијата воопшто и за тоа како ќе се подигне животниот стандард на граѓаните.

Во однос на платите, таа појаснува дека во рамките на новиот буџет се предвидени зголемувања и тоа како во образованието и здравството, така и покачувања по одредени, веќе потпишани, колективни договори, а паралелно се работи и на изедначување на неправдите во делот на платите кои се правеле во изминатите години.

– Ние сега што правиме? Во овој момент се трудиме да ги избалансираме работите коишто беа комплетно уништени од претходната влада. Тоа значи дека има институции во рамки на коишто има многу високи плати и на иста позиција било да е економист, правник, независно, во други институции идентичните позиции со многу пониски плати. Тоа го направи претходната влада, а ние се трудиме на некој начин да го избалансираме – рече Димитриеска-Кочоска.

Што се однесува до прашањето за млади и мерката која е во насока на подобрување на нивниот стандард, како и помошта за отпочнување сопствен бизнис, со цел младите иднината да ја градат во сопствената држава, а се состои во ваучери за студенти и финансиска поддршка за бизнисите на младите, Димитриеска-Кочоска потврдува дека ќе се реализира и дека постои шанса за нејзино дополнување.

– Она што е многу важно е тоа што можеме оваа мерка дополнително да ја зајакнеме благодарение на Агенцијата за вработување. Во Агенцијата за вработување има една сопствена сметка на којашто има солиден износ на финансиски средства, преку која можеме навистина да реализираме позначајни проекти за младите и во периодот којшто следи, јас планирам да поразговарам подетално со министерот за економија во насока на тоа да дадеме уште поголеми можности на младите и да им обезбедиме што е можно подобри услови за живот тука – информира за натамошните планови Димитриеска-Кочоска.

Share This Article