Откупната цена на тутунот достигна 400 денари за прва класа и заедно со зголемената субвенција, тутунарите ќе добијат 500 денари по килограм предаден тутунот, соопшти денеска министерот за земјоделство Цветан Трипуновски.
– По серија на состаноци кои што ги организираше премиерот заедно со тутунските здруженија, со откупувачите, се постигна една цена која што е во задоволство на тутунарите, а тоа е да првата класа се откупува за 400 денари. Имаме покачување од 375 денари на 400 денари“, изјави Трипуновски на денешниот настан „Пчеларски ден-знаење и дружење 2024“.
Тој додаде дека субвенцијата за првата класа на тутун е зголемена од 80 денари ја покачивме на 100 денари со што се доаѓа до заокружена цена од 500 денари.
– Со ова покажуваме дека навистина оваа гранка ни е многу важна и од социјален и од економски аспект – рече тој.
Министерот рече и дека оваа мерка е поздравена и од Сојузот на тутунарите.