Италијанскиот министер за одбрана прв го прифати предлогот на францускиот претседател

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Италија е подготвена да учествува во евентуалната мировна мисија во Украина, изјави италијанскиот министер за одбрана Гвидо Крозето.

Претседателот на Франција, Емануел Макрон претходно предложи да се испрати меѓународен контингент во Украина кој би го надгледувал идниот прекин на огнот. Макрон за тоа разговарал со претставниците на Велика Британија и на Полска, но Италија е прва земја која јавно изрази подготвеност за оваа иницијатива.

– Подготвени сме да ја играме оваа улога, улога во која секогаш сме се истакнувале како нација – посочи Крозето.

Но, според италијанските медиуми, не ја поддржуваат сите идејата на Макрон. Шефот на италијанската дипломатија и потпретседател на Владата, Антонио Тајани истакна дека е рано да се разговара за испраќање на меѓународен контингент во Украина, бидејќи сè уште трае војната.

Велика Британија и Полска соопштија дека дебатираат дали ќе испратат војници во Украина.

Шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок наведе дека не треба да се исклучи таквата можност, но канцеларот Олаф Шолц не ја поддржа.

Share This Article