Во четвртокот камион удрил во 85-годишна жена која завршила во болница со тешки повреди.
„ На 12 декември 2024 година, во 11.35 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на крстосницата од улица Благоја Стевковски и улица Модест Мусоргски во Скопје, товарно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.И. (42) од Скопје, удрило во 85-годишната З.Д. од Скопје“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила З.Д., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.