Граѓански организации бараат построги стандарди за увозот

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Утре со почеток во 11 часот, пред Владата на Република Северна Македонија, ќе се одржи јавен собир инициран од иницијативата О2 и поддржан од 10 други граѓански организации. Собирот има за цел да ја поттикне Владата на преземање конкретни мерки за намалување на аерозагадувањето преку ограничување на увозот на стари и еколошки неприфатливи возила.

Иницијативата бара целосна забрана на увозот на возила постари од 10 години кои не исполнуваат „ЕУРО 5“ стандарди, како и ограничување на увозот на нови возила на минимум „ЕУРО 6“ стандарди. Во соопштението, организациите предупредуваат дека загадувањето од возилата е сериозна закана за јавното здравје.

„Возилата емитуваат над 200 токсични хемиски соединенија, а постарите возила се значително поштетни. Особено е загрижувачко што овие емисии, како бензенот и канцерогените соединенија, директно влијаат на здравјето на најмладите, бидејќи се испуштаат во нивна близина“, изјавија од иницијативата О2.

Од О2 нагласуваат дека слични мерки се веќе воведени во земји од регионот, како Босна и Херцеговина, Албанија и Црна Гора, и апелираат Северна Македонија да ги следи овие примери.

Во соопштението се посочува дека олеснувањето на даноците за увоз на возила со понизок стандард, најавено за 2025 година, може да има спротивен ефект, дополнително загрозувајќи го јавниот интерес. „Заштитата на здравјето на граѓаните мора да биде на прво место,“ велат од организациите.

Share This Article