Виена се плаши од можно „либиско ценарио“

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Шефот на австриската дипломатија, Александар Шаленберг, изјави дека потенцијалната депортација на сириските граѓани од Австрија може да започне само кога ќе се стабилизира ситуацијата во Сирија, но дека засега е невозможно да се предвиди кога тоа би можело да се случи.

– Најнормална и најразумна работа на светот е да се каже дека тоа ќе го направиме што е можно поскоро. Не знам кога ќе биде тоа. Можете ли да видите во иднината? – изјави Шаленберг, пренесен од британските медиуми.

Тој посочи дека ќе биде потребно време за да се разјасни ситуацијата во Сирија, предупредувајќи за „либиско сценарио“ во земјата.

– Најлошото сценарио е, се разбира, развој на пропадната држава, така да се каже, која не може да се управува во реалноста. Либија 2, ако сакате. Тоа ќе мора внимателно да го следиме – изјави шефот на австриската дипломатија.

Австриското Министерство за надворешни работи во понеделникот соопшти дека владата наредила да се суспендираат барањата за азил од сириските државјани во земјата, откако во неделата бунтовниците го зазедоа Дамаск, а претседателот Башар ал Асад избега во Русија.

Министерството соопшти дека ја суспендира и програмата за обединување на семејствата, според која семејствата на бегалците можат да им се придружат во Австрија.

На сличен потег се одлучи и германската влада, а Министерството за внатрешни работи во Берлин соопшти дека го прекинува разгледувањето на барањата за азил од сириските граѓани.

Share This Article