Тројца браќа од угледно американско семејство, кое се занимава со недвижнини, беа уапсени во средата, во Мајами, под обвинение за дрогирање, сексуално злоставување и силување десетици жени во текот на една деценија.
„Браќата Александер се обвинети дека ги користеле своето богатство и статус за да ги нападнат жртвите, присилувајќи ги на сексуални односи“, продолжува соопштението за печатот, во кое се повикуваат сите други жртви или сведоци да се јават.
Наводните напади се случиле помеѓу 2010 и 2021 година“, објави Си-Би-Ес њуз.
Пред две години, Тал и Орен Александер беа тема на статија на Њујорк Тајмс во која беа опишани нивните професионални успеси, вклучувајќи ја и продажбата на пентхаус од 2.000 квадратни метри во Менхетен, за повеќе од 234 милиони долари. Според американскиот печат, освен во Њујорк, тие продавале и луксузни недвижнини во Флорида и во Аспен, работејќи со голем број богати и познати клиенти.
До објавувањето на веста за наводите за сексуална злоупотреба, браќата Александер беа дел од џет-сетот, присуствувајќи на забави во Мајами, во Њујорк и на Медитеранот.
Американскиот обвинител Демијан Вилијамс ги објави обвиненијата за време на прес-конференција во средата попладне, нарекувајќи ги наводните злосторства „гнасни“.
„Браќата Александар организирале патувања и сместување за да привлечат и да заведуваат жени на овие настани, а потоа во неколку наврати ги силувале и сексуално ги нападнале жените кои присуствувале“, тврди обвинителството.
Патувањата биле договорени однапред и браќата наводно споделувале фотографии од жените за да се осигураат дека се „доволно привлечни“. Браќата користеле апликации за запознавање, социјални медиуми за да контактираат со нив или користеле организатори на забави како посредници, се вели во обвинението. Тие се обвинети и за набавка на разни видови дрога, ГХБ, печурки или кокаин, со цел да ги покорат своите жртви пред да ги нападнат.
Обвинителите веруваат дека недоличното однесување можеби започнало уште во средно училиште.
– Храброста може да биде заразна. Кога едно лице зборува, честопати ги инспирира другите да го сторат истото“, рече Вилијамс. „Кога едно лице зборува, честопати ги инспирира другите да го сторат истото – додаде тој.
Сузан Нечелес, адвокатка на Орен Александар, во изјавата рече дека нејзиниот клиент е невин и дека ниту тој ниту неговите браќа не извршиле кривично дело.
Тројцата браќа се соочуваат со можна казна доживотен затвор.