Макрон ќе разговара со полскиот премиер Доналд Туск за распоредувањето на 40.000 војници во својство на повоени мировни сили во Украина

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Францускиот лидер Емануел Макрон ќе разговара со полскиот премиер Доналд Туск за распоредувањето на 40.000 војници во својство на повоени мировни сили во Украина, потврдија за „Политикo“ европски дипломат и француски функционер, кои сакаат да останат анонимни.

Дипломатот не појасни од кои земји би можеле да бидат војниците. Висок полски функционер, кој исто така зборуваше под услов да остане анонимен, рече Варшава е изненадена од предлогот на Макрон.

– Ова не е формула што ќе ни овозможи да донесеме таква одлука – рече претставникот, додавајќи дека за мировните мисии треба да одлучуваат Обединетите нации или Организацијата за безбедност и соработка во Европа, а не билатерални разговори со францускиот претседател.

Изворот вели и дека испраќањето полски војници во Украина ќе има смисла само во формат на НАТО.

Франција нуди, Полска е на потег

Полскиот весник „Ржечпосполита“ пишува дека поради воениот потенцијал и географската положба, учеството на Полска во мировната мисија би можело да биде клучно.

Француската понуда е мировна мисија која би гарантирала дека Кремљ во иднина нема да го наруши евентуалниот прекин на огнот и воспоставената демаркациона линија.

Веќе во февруари, Макрон беше првиот што ја претстави идејата за испраќање сили на НАТО во Украина. Сепак, тој не прецизираше под кои услови тоа ќе се случи. Тој повторно ја спомна идејата за време на состанокот со британскиот премиер Кир Стармер во Париз на 11 ноември.

Ели Тененбаум, истражувачка од Францускиот институт за меѓународни односи (ИФРИ), кој работи на подготовка на проектот на Макрон, објаснува дека во мисијата би можеле да учествуваат пет бригади (околу 40.000 војници). Полска би можела да ја преземе командата на една од бригадите.

Украина ќе биде безбедна по моделот на Германија, двете Кореи или Израел

Заменик генералниот секретар на НАТО, Камил Гранд, вели дека постојат три модели на безбедносни гаранции кои Алијансата може да ѝ ги понуди на Украина.

- Advertisement -
Ad image

Првиот е „германскиот“: прием на земјата во НАТО без дефинитивно дефинирање на границите, како што беше случајот со Сојузна Република Германија во 1955 година.

– Но Америка не сака тоа, а ниту Германија – предупреди Гранд.

Вториот модел според Гранд е „израелскиот“ модел: масовно снабдување со оружје за Украина дури и по склучувањето на мирот. Овој модел е неизвесен со оглед на буџетските тешкотии во САД и Европа.

- Advertisement -
Ad image

– Третиот е „корејскиот“ модел: меѓународна мировна мисија каква што ја одржуваше линијата на разграничување повеќе од 70 години меѓу Јужна и Северна Кореја – додаде тој

Полска ќе биде клучна во кое било сценарио за мир

За време на состанокот во понеделникот во Киев со лидерот на ЦДУ/ЦСУ, Фридрих Мерц, кој најверојатно ќе стане германски канцелар, украинскиот лидер Володимир Зеленски за првпат рече дека таквата посредничка мисија може да ја гарантира безбедноста на неговата земја, додека се очекуваат гаранциите на НАТО.

– Поради брзо растечкиот воен потенцијал и географската локација, Полска станува суштински елемент на таков план. Оттука и посетата на Макрон на Варшава – убеден е Гранд.

Франција ја доживува најдлабоката политичка криза од формирањето на Петтата република. Макрон пробува да го оттргне фокусот од домашните проблеми како што се тоа кој ќе биде нов премиер во услови кога ниту една партија нема мнозинство во парламентот и како ќе се изгласа буџетот.

Макрон во саботата приватно разговараше со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп пред церемонијата на отворањето на реновираната катедрала Нотр Дам.

Share This Article