Најстарата дива птица во светот на 74 години си најде партнер

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во 1956 година, научниците од американското Национална служба за диви животни на Мидвеј Атол – остров во Тихиот Океан којшто служи како живеалиште за птици албатроси, забележале женка како се гнезди во таа област. Потоа ѝ ставиле ознака на ногата за да ја следат. Овој вид почнува да се размножува на возраст од околу пет години, па научниците претпоставиле дека таа птица е родена околу 1950 година. Ја нарекле Виздом (Мудрост).

Според научните проценки, таа единка сега има 74 години и се смета за најстарата дива птица во светот. Досега извела дури 60 јајца, а последниве четири години, Виздом мистериозно останала и без својот долгогодишен партнер, па и не несела јајца.

Но, оваа година, набљудувачите открија дека Виздом нашла нов партнер.

„Таа повторно го направи тоа. Најстарата позната дива птица во светот, Виздом има нов партнер и само што снесе уште едно јајце“, соопшти американската служба.

Атолот Мидвеј се наоѓа северозападно од Хаваите, и е дом и засолниште на илјадници морски птици коишто тука доаѓаат да ги снесат своите јајца. Благодарение на проектите за заштита, оваа област нуди безбедно засолниште за Виздом и многу други птици како неа.

Share This Article