Лајчак нѐ советува да ги ставиме заедничките интереси над партиските

Lorita
By Lorita 8 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Ohrid, 18. marta 2023.- Specijalni predstavnik za dijalog Miroslav Lajcak nakon završenog trilateralnog sastanka predsednika Srbije Aleksandra Vucica, premijera privremenih prištinskih institucija Aljbina Kurtija i šefa diplomatije EU Žozepa Borelja. FOTO TANJUG/ MILOŠ MILIVOJEVIC/ bs
- Advertisement -
Ad image

Членството во ЕУ е најдобрата опција, како за Северна Македонија, така и за регионот во овој момент на нов геополитички контекст, истакна Мирослав Лајчак, специјален претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина и регионални прашања на Западен Балкан, на Седмата пленарна конференција на Националната конвенција за Европската унија во Северна Македонија (НКЕУ-МК), што се одржува во Собранието.

– Геополитиката создаде нови можности за проширување на ЕУ, но овие прозорци не остануваат отворени засекогаш, мојот совет за вас е да не ги повторувате грешките од минатотото, мој совет е да го искористите моментот и да го ставите заедничкиот интерес пред партиските интереси – рече Лајчак.

Тој потсети на зборовите на новата еврокомесарка за проширување и добрососедство Марта Кос, која кажа дека преговорите бараат интензивни напори од целото општество тоа мора да биде национален проект во којшто треба сите да бидат носители.

Како што рече тој, ако го прашате Чет-ГПТ за ЕУ, ќе ви каже дека таа е политичка и економска Унија, но таа е најпрво Унија на луѓе обединети во нивната различност. Тие треба да бидат носители и да веруваат во неа, бидејќи има многу загрижувачки трендови што го доведуваат во опасност европскиот проект, хибридни војни, популизам, намалување на довербата.

– Не велам дека ЕУ е совршена но би сакал да кажам неколку збора за европскиот пат на Македонија. Кога го започнавте овој процес сметав дека ќе напредувате многу, но за жал не сте ни близу и ја споделувам вашата фрустрираност. Сѐ што беше споменато мора да се исполни. Факт е дека параметрите се поставени и нема да кажам ништо ново, да не ја испуштите оваа можност и да не ризикувате да останете запоставени. Исто така и во поглед на неодамнешните геостратешки случувања, проширувањето е навистина е приоритет и за оваа Европска комисија, и претседателот на Европскиот совет се ангажира со регионот во последните неколку денови – рече Лајчак.

Узлем Џанел, амбасадорка на Кралството Холандија во Северна Македонија, нагласи дека ентузијазмот за пристапување во ЕУ може да им помогне на носителите на процесите да го приоближат реионот кон ЕУ и оти Холандија посакува Западен Балкан да биде просперитетен и безбеден, и кога ќе биде подготвен да се приклучи кон ЕУ.

– Владеењето на правото не е залудно дел од Кластерот Темели, затоа што ние во Холандија навистина веруваме дека владеењето на правото е темел во нашето општество, владеето на правото ќе ве направи успешна земја-членка – нагласи Џанел.

Претседателот на Комисијата за европски прашања Антонио Милошоски, рече дека за разлика од Словачка, Чешка, Естонија и други држави кои се зачленија по преговарачки процес кој за нив траеше шест, седум или осум години, денес ги имаме Србија и Црна Гора, кои преговараат 11 или 12 години, а се уште не се членки на ЕУ и тоа според него, покажува дека проширувањето внатре во ЕУ, во последните години не е на врвот на агендата за одредени земји-членки.

- Advertisement -
Ad image

Милошоски оцени дека ние не сме совршени како регион и како земја-кандидат, но, вели, сигурен сум дека одамна сме заслужиле да ги отпочнеме преговорите за членство во ЕУ, но секогаш се наоѓал добар или помалку добар изговор тие преоговори да не започнат.

– И покрај блокадата од Бугарија, сум имал дилема дали Бугарија настапува самостојно во оваа блокада. Ние сме суверена држава 30 години и никогаш ова прашање што го постави Бугарија сега, не било не било поставено како барање. Дали блокирањето на Бугарија е самостоен изум кои го користат на билатерална основа или внатре во самата ЕУ постојат и други членки кои немаат ништо против процесот на проширување да се одложи за пет, десет години. Внатре во самата ЕУ сериозни се темите дали ЕК може да има уште 6 еврокомесари, дали ЕП може да има уште 30 или 40 нови парламентарци, дали европските фондови за земјоделие, еврозоната, или некои други области во кои ЕУ би била подготвена да внесе уште шест нови актери и дали во иднина проширувањето може да се случи – рече Милошоски.

- Advertisement -
Ad image

Тој смета дека во иднина ЕУ ќе може да поуди освен полноправно членство и одредено асоцијативно членство како замена за членство, односно етапно зачленување во различни области.

– Затоа не се сомневам дека ЕУ има интерес за Западен Балкан, бидејќи овој регион е дел од самата Европа, но имам оправдан сомнеж дали следниот процес на проширување ќе биде со полноправни членки или во фази, односно етапно. Не би сакале Берлинскиот процес да ја доживее судбината на Солунската агенда која беше примена со ентузијазам од земјите од регионот и потврдена со политичката волја од земјите-членки. Но еве, 20 години подоцна ако ги споредиме резултатите со тоа што беше замислено, сметам дека резултатите не се охрабрувачки, ниту за иницијаторите, ниту за кандидатите и аспирантите за членство. Затоа би сакал да верувам дека Берлинскиот процес би имал поефикасни резултати во однос на процесот за проширување – рече Милошоски.

Венко Филипче, претседател на Националниот совет за евроинтеграции, истакна дека и други политички фактори гледаат на Западен Балкан како целосно интегриуран во ЕУ.

– Самата Европа работи на Зелената агенда, декарбонизација, намалувањето на празнината во иновациите со Америка и со Кина и сето тоа во една структура на еврокомесари, Планот за раст точно димензиониран со европската агенда што точно треба да направат земјите кандидати. Националниот совет е вистинско место за консултации за реформската агенда. Геополитичките односи се комплексни, во такви комплексни состојби сепак ние успеавме да завршиме комплексен процес, а тоа е скрининот – рече тој.

Според него, јасен е патот како треба да продолжиме напред за да се отвори најсложениот Кластер 1, и, како што истакна, тоа треба да биде тоа одлука на политичките фактори да се напават уставни измени. -Сметам дека се друго е непотребно трошење време, истакна Филипче.

Милева Ѓуровска, национален координатор на НКЕУ-МК, професор на Филозофски факултет при УКИМ, рече дека главното прашање што го поставува Конвенцијата на пленарните сесии е нејзиното остварено влијание врз евроинтегративниот процес.

– Новата влада, со својот почетен ентузијазам и соодветно внимание на реформскиот процес ќе има можност за позитивни промени. Споделените практики од земјите кои го минале преговарачкиот процес покажуваат дека клучниот фактор за успех на процесот е политичкиот консензус и регрутирање на квалификувани, но и мотивирани човечки ресурси. Од околу 600 усвоени препораки, значителен дел биле разгледани и земени предвид од институциите. Дијалогот треба да продолжи, особено во поглавјата од Кластер 1, како и во работните групи за земјоделство и животна средина – истакна Ѓуровска.

Share This Article