Тошковски вели дека екс-директорот на ЕСМ не побарал отпуст

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски кој е осомничен во случајот „Адитив“ не се откажал од македонското државјанство. Ова денеска го потврди министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

– Вчера имаше многу шпекулации во однос на вашето прашање и каде се наоѓа или дали се откажал од македонското државјанство. Посоченото лице е во рамки на регистарот на државјани на Македонија ѝ е македонски државјанин. Не побарало отпуст, согласно информациите кои што ги имам. Не би сакал да шпекулирам околу неговата моментална локација – рече Тошковски одговарајќи на новинарско прашање.
Министерот додаде дека лицето не е достапно на органите на прогон и дека органите ќе сторат сè во рамки на нивната надлежност да постапат со цел Ковачевски да биде изведен пред лицето на правдата.

Тошковски изрази голема благодарност до полициските службеници кои работеле на овој случај.

– Се работеше интензивно, подолг временски период. Само во текот на вчерашниот имаме над 30 претреси извршено на домови и на други простории. Два претреси се извршени во рамки на отворање на сефови кои се поврзани со дел од приведените лица. Оваа акција беше сеопфатна и досега е најголема која е спроведена во Македонија од аспект на штета на државниот буџет која е сторена при една енергетска криза кога граѓаните крпеа крај со крај – нагласи министерот за внатрешни работи.

Share This Article