Во секое време може да почнеме со уставни измени

Lorita
By Lorita 5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Во однос на условувањето од Бугарија, Парламентот е подготвен во секое време да го започне процесот на уставни измени што земјата ја држат во застој. Сепак, потребен е консензус и политичка волја процесот да продолжи напред во согласност со стандардите на ЕУ и тој да не биде попречен од билатералните прашања, изјави претседателот на Собранието Африм Гаши, на Седмата пленарна конференција на НКЕУ-МК.

Тој оценува дека како држава сме во временски теснец и оти треба да бидеме премногу умешни да ја најдеме вистинската формула како да постапиме.

Гаши, во обраќањето на Седмата пленарна конференција на Националната конвенција за Европската Унија во Република Северна Македонија, нагласи дека билатералните прашања не треба да претставуваат пречка за унапредување на процесот во евроинтеграции и оцени дека секоја држава која сака да стане членка на ЕУ треба да ги реши билатералните прашања без тие да влијаат во напорите за реализација на европските интеграции.

– Силно верувам дека проширувањето е можно ако регионот е тесно поврзан со ЕУ преку поврзување на заедничките вредности, демократија. Јакнењето на врските со соседите е неотуѓив дел од нашата стратегија на европските интеграции – рече Гаши.

Според него, напредокот на Албанија, иако покажал предност во однос на Северна Македонија, имајќи ги предвид познатите условувања, сепак, вели, покажува дека ЕУ е сериозна во однос на проширувањето кон Западен Балкан и оти е заинтересирана за стабилен и интегриран регион.

Гаши потсети дека Собранието постојано работи на усвојување на закони и реформи, неопходни за усогласување на законодавството и оти ќе продолжи да биде лојален и непоколеблив партнер за постигнување на оваа стратешка цел.

– Собранието е главната институција во државата и сакајќи да го продолжиме процесот кога сме ги определиле нашите стрaтешки цели, нормално е дека во Парламентот треба да се одвива главната дебата. И јас од првиот ден се залагам за ова и сум на располагање на сите кои ќе помогнат да го движиме Собранието во таа насока. Овој настан е одлична можност за да направиме квалитетна диксусија за нашата заедничка заложба за членство во ЕУ. Денеска додека ќе се дискутира за основните вредности за ЕУ, можеме да видиме одлучност и сериозност на државата да го унапредиме нашиот статус кон ЕУ – рече Гаши.

Тој потсети дека Северна Македонија како и досега го има усогласено 40 отсто од нејзиното законодавство со тоа на ЕУ.

- Advertisement -
Ad image

– Овој напредок е доказ за нашата посветеност да се интегрираме кон ЕУ. Секој закон и реформа придонесува кон ЕУ стандардите, уште многу работа има затоа ние сме посветени на реформоите кои не носат кон ЕУ. Северна Македонија помина долг пат со многу жртви и многу предизвици. Ние сме направиле големи чекори и сме постигнале големи стандарди. Убеден сум дека оваа посветеност ќе се круниса со целото членство на земјава кон ЕУ. Интеграцијата кон Унијата е единствена алтернатива за да обезбедиме развој и одржлив просперитет на државата – дециден е Гаши.

Собранискиот спикер оцени дека како држава сме во временски теснец и оти треба да бидеме премногу умешни да ја најдеме вистинската формула како да постапиме.

– Ако стоиме во место условите се менуваат, во трка сме со времето, но од друга страна, ако дејствувате брзо постои ризик да се најдете на нулта ситуација и навистина е тешко да се најде формулата како да постапиме. После 23 години од Солунскиот самит, се случија многу работи на геополитичката сцена – анексијата на Крим, руската агресија врз Украина и тоа на некој начин редефинираше повеќе процеси и концепти како ќе се движи ЕУ. Сега е повеќе работа на ЕУ како да најде механизам како да не преземе, а не е помалку важно и нашата домашна задача што треба да ја завршиме. Но мислам дека треба да видиме дали со овој пристап да продолжиме понатаму, бидејќи се уште шесте земји од Западен Балкан се се уште надвор. Мислам дека треба да пристапиме кон нов концепт и мислам дека е време за редефинирање на процесот на проширување што треба да биде дебата внатре во ЕУ – заклучи Гаши во обраќањето на Седмата пленарна конференција на НКЕУ-МК, што се одржува во Собранието.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article