Поранешниот директор на ЕСМ Васко Стефанов утрово со лисици на рацете беше спроведен во Кривичниот суд, откако вчера беше уапсен на ГП „Табановце“

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Поранешниот директор на ЕСМ Васко Стефанов утрово со лисици на рацете беше спроведен во Кривичниот суд, откако вчера беше уапсен на ГП „Табановце“, објави ТВ Алфа.

Тој е еден од вкупно 23 осомничени за криминал во Електраните на Македонија, вреден 6 и пол милиони евра.

Главниот осомничен Васко Ковачевски, поранешен директор на ЕСМ е недостапен за органите, односно е во бегство, според информациите, најверојатно тој се наоѓа во Виена, Австрија.

Од Обвинителството соопштија дека во овој случај се опфатени 23 лица, за криминал тежок 6,5 милиони евра.

Македонските власти соопштија дека се надеваат на брза и експресна екстрадиција на Ковачевски.

Share This Article