Иранскиот министер за нафта Мохсен Пакнеџад денеска е избран за ротирачки претседател на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК).
Тој на таа позиција ќе го замени досегашниот претседавач, министерот за нафта на Габон Марсел Абеке, објави иранската агенција Мехр.
Одлуката е донесена за време на 189. редовен состанок на ОПЕК.
Иранскиот министер посочи дека ОПЕК ја продолжува соработката со партнери кои не се од таа организација.
– Сите ние сме многу свесни за чувствителноста и сложеноста на моменталната глобална ситуација и важноста од одржување на внатрешното единство и кохезија на ОПЕК, додека продолжуваме да соработуваме со нашите партнери надвор од ОПЕК во рамките на Декларацијата за соработка – рече Пакнеџад.
Тој додаде дека е посветен на користење на сите капацитети за „зајакнување на духот на кохезија и солидарност“ во рамките на ОПЕК.
Иран од следната година ќе го преземе претседавањето со ОПЕК.
ФОТО: МИА