Експертите алармираат дека климатските промени се на врвот на кризата

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Според податоците од програмата на ЕУ „Коперник“ за мониторинг на климатските промени, ноември годинава беше втор најтопол ноември на глобално ниво откако се прават мерења, а 2024 година веројатно ќе биде првата година кога температурата ќе ја надмине границата на затоплување од 1.5 степени Целзиусови, пренесе ДПА.

Просечната глобална температура на површината во ноември 2024 година изнесувала 14.1 степени Целзиусови, што е за 0.73 степени над просекот за периодот 1991-2020 година. Освен тоа, месецот бил за 1.62 степени над прединдустриските нивоа, соопшти агенцијата на ЕУ која го следи глобалното затоплување.

„Коперник“ потврди дека 2024 година ќе го постави новиот годишен рекорд како најтопла година досега и прва со температура над 1.5 степени Целзиусови.

– Ова не значи дека Парискиот договор е прекршен, но покажува дека итните климатски акции се неопходни повеќе од кога било – изјави заменичката директорка на агенцијата, Саманта Бурџис.

Share This Article