Обвинителите Хајрулахи и Цветановски тврдат дека нема основа за нивна дисциплинска одговорност

Lorita
By Lorita 5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Нема основа за дисиплинска постапка против нас, тврдат категорично доскорешниот шеф на скопското Вишо јавно обвинителство Мустафа Хајрулахи и вишиот обвинител Јован Цветановски, против кои републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски покрена дисциплинска постапка.

„Војната“ помеѓу државниот обвинител и вишите обвинители почна откако Хајрулахи јавно го обвини Коцевски дека му врши директен притисок каква одлука да донесе Вишото обвинителство во предметот Бонуси за СЈО, откако подносителот на пријавата, ВМРО-ДПМНЕ поднел жалба на претходната одлука на ЈО за гонење на организиран криминал и корупција.

Од Јавното обвинтелство вчера информираа дека дисциплинската постапка е поради утврдено нестручно и несовесно работење, што го покажал надзорот што Републичкото обвинителство го изврши врз скопското вишо обвинителство.

„Предлогот за дисциплинска постапка против обвинителот е заради нестручно и несовесно работење во 4 предмети, во кои се откажал од жалба или од обвинение. Предлог за поведување дисциплинска постапка е поднесен и против Вишиот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје, пред кого се реферирани и со чија согласност била донесена одлука во три од наведените предмети, како и поради констатираните неправилности во начинот на заведување на предметите во Вишото јавно обвинителство Скопје“, соопшти Јавното обвинителство.

Обвинителот Јован Цветановски информацијата за иницирањето на дисциплинката постапка против него ја дознал од медиумите. Вели дека извештајот од извршениот надзор во Вишото јавно обвинителство Скопје никогаш не бил доставен до него, ниту му била оставена законската можност за дополнително објаснување.

– Не знам ниту за кои 4 предмети станува збор. Можам само да претпоставам. Извештајот никогаш не стигна до мене, ниту имав можност за дополнително објаснување. Ова е целосно незаконска постапка. Прво, не е испочитуван рокот од 30 дена, во рамките на кој требаше да ни биде доставен извештајот од надзорот, за да можеме ние да одговориме на нивните забелешки. Ускратено ми е законското право да одговорам на наводите од извештајот. Незаконски е и составот на целата комисија што го вршеше надзорот, има судир на интереси. Одговорно тврдам дека не постојат основи за дисциплинска постапка – вели Цветановски во изјава за медиумите.

Согледувајќи како се одвиваат работите, додава тој, држи муабетот од вишиот јавен обвинител Хајрулахи дека целта на сето ова е да се направи притисок врз нив за предметот за високите бонуси на обвинителите од згаснатото Специјално јавно обвинителство, за кој тој треба да донесе одлука.

Шефот на скопското вишо обвинителство, пак, кој неодамна беше суспендиран по пријава за наводен мобинг, повтори дека се врши притисок врз него, но тој не потклекнува.

- Advertisement -
Ad image

– Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски ги користи сите законски и незаконски можности за да се донесе одлука по негов терк за бонусите на СЈО – вели Хајрулахи.

Во врска со причината на Коцевски за дисциплинската постапка, за четирите предмети во кои Цветковски се откажал од жалба или од обвинение, а за кои реферирал пред Хајрулахи, Хајрулахи вели дека постапувал според упатствата на Јавното обвинителство. Според тоа упатство, , пред носење на одлука за откажување од жалба или од обвинение, обвинителот треба да реферира пред вишиот јавен обвинител, за да има сознание за таквите одлуки.

– Постапено е според упатствата и за истите одлуки е известен и Републичкиот јавен обвинител. Постапено е онака како што е предвидено со упатствата од Јавното обвинителство. Видно вознемирен од предметот за бонусите на СЈО, ообено откако неговата ќерка е фатена како изнесува документи од Јавното обвинителство,  Коцевски постапува со суспензии и со дисциплински постапки. Сега на неговата иницијатива за поведување дисциплинска постапка ќе заседава комисијата во чиј состав влегува обвинителката Лиле Стефанова, која беше дел од надзорот, а истовремено е и дел од инволвираните во предметот Бонуси на СЈО. Во комисијата за надзор е и Стевчо Донев, обвинител во Вишото јавно обвинителство Штип, кој исто така е дел од предметот Бонусите на СЈО. Апсурдно е ова што се случува – коментира Хајрулахи за Република.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article