More

    Мицкоски се сретна со Кос

    spot_img

    Премиерот Христијан Мицкоски кој денеска престојува во Брисел каде вечерва ќе присуствува на неформална работна вечера што за лидерите од земјите од регионот на Западниот Балкан ја организира новиот претседател на Европскиот совет, Антонио Кошта, попладнево имаше средба со новата еврокомесарка за проширување Марта Кос.

    Како што објави премиерот Мицкоски на Фејсбук на средбата се разговарало за „стратешките интереси на Македонија во однос на проширувањето на ЕУ и подготвеноста  на државата да успее на патот кон Европската Унија“.

    „Ние сме подготвени да разговараме за се што ќе биде принципиелно и во полза на нашата држава и во интерес на сите граѓани“, наведе Мицкоски во објавата.

    Покрај Мицкоски, како што соопшти Советот на ЕУ, на вечерата со Кошта се поканети и косовската претседателка Вјоса Османи, претседателите на Србија и на Црна Гора, Александар Вучиќ и Јаков Милатовиќ, претседавачката на Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељка Цијановиќ и премиерите на Албанија и на Косово, Еди Рама и Албин Курти.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img