More

    Пекинг забрани извоз на неколку метали во САД

    spot_img

    Кина забрани извоз на низа суровини и производи со цивилна и воена намена кон САД, се наведува во денешното официјално соопштение, јави ДПА.

    Министерството за трговија во Пекинг соопшти дека мерката стапува во сила веднаш за извоз на галиум, германиум и полуметалот антимон. Овие суровини се важни за одбранбената индустрија и за производителите на чипови, се наведува во соопштението.

    Кина, како главен извозник на овие метали, веќе го ограничи нивниот извоз, додаде Министерството, најавувајќи и дополнителни рестрикции за графит.

    Забраната од Кина уследи само неколку часа откако САД воведоа ограничувања за извоз на одредени полупроводнички чипови и опрема во Кина, повикувајќи се на националната безбедност.

    Новите американски мерки вклучуваат забрана за извоз на други клучни технологии, како што се мемории со високи перформанси и алати за полупроводници произведени од американски компании или со користење на американски технологии.

    Дополнително, на црната листа се ставени уште 140 кинески компании, што речиси целосно го оневозможува нивниот пристап до американските технологии во оваа област.

    Претходно, САД воведоа неколку рунди санкции за чипови против Кина.

    Експертите посочуваат дека Кина, како резултат на американските рестрикции, го засилува развојот на сопствени технологии за да ја намали зависноста од странски добавувачи.

    Технолошкиот конфликт меѓу САД и Кина се засили за време на првата администрација на Доналд Трамп, кога Вашингтон почна да таргетира кинески технолошки компании како „Хуавеи“, повикувајќи се на загриженост за националната безбедност.

    Под водство на претседателот Џо Бајден, овие мерки беа продолжени и проширени.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img