Британскиот крал повлече изненадувачки потег

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Кралот Чарлс повлече изненадувачки потег канејќи го својот брат, принцот Ендрју, да му се придружи на семејството за Божик. Иако се сметаше дека Чарлс одамна го повлекол финансирањето на неговиот брат, според медиумите, кралот сака да минува повеќе време со семејството откако му беше дијагностициран рак.

Веста дека Чарлс го поканил братот на голема божикна прослава во селото Сандрингам ја објави британски „Експрес“.

„Упатените велат дека кралот е категоричен за одржување на семејното единство, особено за време на божикните сезона… Поканата на кралот до Ендрју е мировна понуда што војводата од Јорк треба да ја прифати“, се наведува во написот.

Принцот Ендрју се преселил во Кралскиот дворец во 2003 година и, според него, вложил седум милиони фунти во реновирање. Сепак, извори од британската Палата тврдат дека кралот не верува во таа приказна „бидејќи никаде на имотот не ги гледа“ тие вложени пари.

Пред неколку години, принцот беше поврзуван со контроверзниот милијардер Џефри Епстин, инаку обвинет за недозволена секс-трговија.

Се говореше и дека кралот дури и се обидел да го пресели својот брат од Кралската ложа и да го пресели во Куќата Фрогмор, поранешниот дом на Меган Маркл и принцот Хари.

Сепак, Ендрју одбил да замине.

Share This Article