Настинката е честа појава за време на бременоста, обично предизвикана од вирус.
Повеќе од 200 видови на вируси можат да предизвикаат разни настинки, а се шират низ воздухот, преку капки и секрети или преку нечисти раце. Во бременоста можат да се појават кашлица и болки во грлото, а важно е да знаете како правилно да ги лечите.
Во остатокот од статијата дознајте дали настинката за време на бременоста влијае на плодот и како изгледа лекувањето на настинка кај трудниците.
Настинка во бременоста
Настинките лесно се шират и секој од нас настинува барем еднаш годишно. За време на бременоста, имунолошкиот систем е малку послаб, па настинката може да трае подолго и почесто да се појавува.
Симптоми на настинка за време на бременоста се:
затнат нос
кивање
кашлица
болки во грлото
малку покачена телесна температура
болка во мускулите.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.